Што ќе понуди iPhone X Plus?

Објавено на 28.02.2018 во Новости



Што ќе понуди iPhone X Plus?

Додека речиси сите Android гиганти ги полнат страниците со информации од MWC 2018 во Барселона кај Apple е доста тивко и засега се чека што следно ќе понуди компанијата за да им се спротистави на своите конкуренти. Затоа веќе излегоа првите шпекулации за претстојниот премиум смартфон на Apple кој најверојатно ќе се вика iPhone X Plus.

Според првичните информации откриени од страна на веродостојниот аналитичар Минг Чи Ку од KGI Securities постои голема можност iPhone X Plus да пристигне со 6.5 инчен Quad HD+ дисплеј со размер од 18:9 со што ќе биде најголемиот смартфон на Apple досега.

Годинава Apple ќе има вкупно три смартфони, па покрај плус моделот ќе има еден основен модел со помал екран и еден директен наследник на ланскиот iPhone X со тоа што ќе задржи повеќе аспекти од дизајнот, но исто така ќе воведе и неколку иновации во софтверот и компактноста на уредот.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}