Основачот на Ethereum (24г.) има половина милијарда долари на сметка

Објавено на 03.03.2018 во Новости



Основачот на Ethereum (24г.) има половина милијарда долари на сметка

Forbes неодамна објави список со топ богатите крипто-богаташи во светот. Најмлад е 24-годишниот Виталик Бутерин, кој на 19 години ја основал компанијата со дигиталната валута ethereum, чија нето вредност се проценува од 400-500 милиони долари.

Неверојатно е тоа што основал криптовалута на рани млади години, кого го нарекуваат уште и „млад генијалец, што стои зад втората најголема криптовалута во светот“. Роден е во Москва, 1994 година, кој во 2011 година го открил bitcoin и веднаш го заинтригирал. Во 2012 година освојува бронзен медал на Интернационалната олимпијада за информатика, а математиката секогаш му била силна страна.

Во 2012 се запишал на факултет но се отпишал и се посветил на дигиталните валути, патувајќи низ светот и разговарајќи со врвните експерти. Кога се вратил во Торонто, почнал со развој на ethereum, кој доживеал енормен раст и негов иден бизнис. Twitter профилот на Бутерин е достапен овде.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}