Почивај во мир, Стивен Хокинг...

Објавено на 14.03.2018 во Новости



Почивај во мир, Стивен Хокинг...

Стивен Хокинг од Велика Британија беше генијалец од модерното време, кој почина на 76 годишна возраст, дома, во Кембриџ. И покрај неговиот хендикеп со атрофирани екстремитети, тој секогаш имаше ставови со висока свест, невообичаена за нормалниот човек.

„Тажни сме поради смртта на нашиот татко. Тој беше голем научник и неверојатен човек, чии дела и наследства ќе живеат со години“, пишува во официјалното известување од неговите деца.

Темите што ги опсервираше Хокинг беа несекојдневни, за евентуалното постоење на вонземјани и како тие би се однесувале со нас. Научникот имаше специјализација за космологија и квантна гравитација, кој најмногу се посвети на истражувањето на црните дупки во вселената. Неговата книга „Кратка историја на времето“ е објавена од 1988 година, која стана и интернационален бестселер. Почивај во мир, Стивен Хокинг.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}