Skydio R1 дронот го снима внимателно секој ваш чекор

Објавено на 14.03.2018 во Новости



Skydio R1 дронот го снима внимателно секој ваш чекор

Ако сакате да имате акциски видеа, да се снимате како возите велосипед или џогирате во шумата, тогаш Skydio R1 е решение за вас. Дронот лета самостојно и го следи внимателно секој ваш чекор.

Тоа што е најважно е дека внимава да не се удри во дрво кога лета или во некој минувач, исто како што внимава и да не ве изгуби од видот. Skydio R1 располага со 13 камери, GPS и многу други сензори за да ја мапира околината и да го предвиди движењето на предметите што ги следи.

Вештачката интелигенција и напредната роботика му овозможува да го мапира и интерпретира светот во 3D технологија. Технологијата што ја има овој дрон е многу слична со онаа што се вградува во автономните возила.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}