Сомневање дека iPhone 8 има компоненти без сертификат
Објавено на 17.03.2018 во Новости

Кинескиот медиум Commercial Times тврди дека еден од производителите за делови на iPhone е фатен со „неавторизирани компоненти“, со кои го склопувал iPhone 8 во Кина. Apple наводно и наредил на дотичната компанија Wistron да престане со производството кога се открил проблемот, а склопувањето на смартфоните е стопирано за двонеделен период.
Wistron не негирал дека користи лажни компоненти, ниту дека производството е прекинато на одреден временски период. Проблемот со лажните делови се однесува на водоотпорните делови што немаат сертификат и затоа сега се наметнува прашањето дали може да издржат вода и прашина. Wistron е вториот снабдувач на Apple во Кина, додека најголем дел од нарачките ги презема Foxconn.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.