Израелски „комарец“ ги боцка сите компјутери периодов

Објавено на 19.03.2018 во Новости



Израелски „комарец“ ги боцка сите компјутери периодов

Израелскиот комарец е во фокусот на вниманието периодов, кој влегува во компјутерските системи и краде лични податоци. Фрапантно е тоа што овој малвер нема потреба од конекција со интернет.

Комарецот од Израел преку малициозен код ја презема контролата од звучниците и преку нив прислушкува, исто како што си испраќа податоци преку микрофонот, без разлика дали е конектиран. Ова е нов и комплексен метод за кражба на лични податоци, кој локално складираните датотеки ги претвара во аудиоснимки и потоа со air-gap и ултразвучни бранови ги пренесува на друг компјутер, на далечина максимум 9 метри.

Експертите за безбедност од Израел ги советуваат компаниите да ја исклучат аудио опремата од компјутерските системи, со цел да се заштитат. Не сакаме ниту да помислиме што би можело да се случи ако ваков „комарец“ влезе во смартфон.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}