Alibaba вложува милијарди за да го спречи пробивот на Amazon

Објавено на 19.03.2018 во Новости



Alibaba вложува милијарди за да го спречи пробивот на Amazon

Алибаба е можеби најголемиот кинески онлајн гигант со неверојатно богатство, но нивната експанзија е доведена во прашање по налетите на Амазон во Азија кој нуди нови и квалитетни начини на интернет продажба. Затоа Алибаба ќе вложи над 2 милијарди долари во консолидација на компанијата Лазада за преземање на преостанатиот дел од сопственичкиот пакет и ќе поседува 100% од акциите. 

Во групацијата Лазада, која исто така се занимава со интернет продажба во југоисточна Азија и досега бележеше раст на пазарното присуство Алибаба веќе поседува 83 проценти. Како доминантен и единствен сопственик ќе може целосно да ја контролира политиката и носењето на одлуки, но и да ја консолидира компанијата при налетот на конкурентите.

Според понудата, Луси Пенг од Алибаба ќе стане новата директорка на Лазада, а основачот на оваа компанија Макс Битнер ќе биде примен како виш советник во Алибаба.

Алибаба се соочува со зголемена конкуренција од Амазон за азискиот пазар. Амазон лани воведе можност за испорака на купените производи во рок од два часа во Сингапур во обид да преземе дел од пазарот од Алибаба.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}