Го знаете ли човекот од кого Стивен Хокинг го доби гласот?

Објавено на 20.03.2018 во Новости



Го знаете ли човекот од кого Стивен Хокинг го доби гласот?

Дали досега знаевте дека Стивен Хокинг имал повеќе од 300 снимки од гласот на д-р Денис Клат? Клат е компјутерски научник од Америка, кој на Хокинг му го даде својот глас во зимата, 1987 година. 

Денис Клат знаел дека Хокинг нема да живее повеќе од пет години, па затоа во рекорден рок го завршил програмирањето на целиот систем. Научникот бил импресиониран и му испратил покана на човекот што му го дал гласот, но, до таа средба никогаш не дошло, затоа што Клат починал од рак. Со текот на годините, технологијата на гласот се менувала и така на Хокинг му е понудена подобра верзија, дури му била понудена и модифицирана верзија за да звучи како да е негов глас. Меѓутоа, тој секогаш ги одбивал со зборовите: „Ви благодарам, но гласот на мојот пријател Денис е МОЈ глас“.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}