Sony Xperia XZ2 смартфоните пофалени за издржливоста на батеријата

Објавено на 30.03.2018 во Новости



Sony Xperia XZ2 смартфоните пофалени за издржливоста на батеријата

Sony Mobile се пофали со истражувањето на Strategy Analytics компанијата која за нивни потреби ги тестирала батериите на Xperia XZ2 и Xperia XZ2 Compact смартфоните. Според направените тестови токму Xperia XZ2 и Xperia XZ2 Compact за нијанса се издвојуваат над конкурентите меѓу кои LG G6, iPhone X, Huawei P10 и Samsung Galaxy S9.

Разликите се минимални, во принцип по некоја минута плус или минус кога се во прашање телефонски разговори, преглед на HD видеа, слушање музика, сурфање на интернет и други вообичаени активности. 

Треба да се напомене и дека во ова тестирање не сите телефони се најрелевантни и споредливи со Sony Xperia XZ2 кои се „ганц“ нови.

На пример Huawei P10 е лански модел, па така кога P20 излезе пред само три дена соодветен смартфон за тестирање би бил поновиот Huawei Mate 10. Исто така Samsung Galaxy S9 има Plus верзија со поголема батерија, додека пак наместо LG G6 поприкладно би било тестирањето со најновиот LG V30s Q Think смартфон кој исто така беше промовиран на MWC 2018.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}