Mozilla Firefox Reality - Најбрзиот прелистувач од иднината

Објавено на 04.04.2018 во Новости



Mozilla Firefox Reality - Најбрзиот прелистувач од иднината

Не постои технолошка компанија што не вложува во виртуелна и проширена реалност. Mozilla е убедена исто така дека оваа технологија ќе доминира во иднина, па затоа го подготвува првиот прелистувач што ќе може да се користи на сите платформи, првенствено наменет за уреди со виртуелна и проширена реалност – Firefox Reality.

Mozilla го најави новиот прелистувач на својот блог, предупредувајќи дека нивната мисија е да обезбедат отворен ресурс, кој на прво место ќе ги стави корисниците. Затоа веќе мислат и на иднината, вложувајќи време и ресурси во новите технологии. Како што веб сферата се развива, така и Mozilla сака да биде спремна на сите предизвици што доаѓаат со тој развој и новитетите, така што ќе им овозможат едноставно искуство на корисниците со сурфањето на интернет и виртуелната реалност.

Firefox Reality Mozilla ќе биде open-source прелистувач и ќе биде многу брз. Од компанијата тврдат дека повеќе ќе се позанимаваат со приватноста на корисниците овој пат, односно ова прашање ќе биде еден од топ приоритетите кај новиот интернет прелистувач за иднината.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}