Facebook ќе собира помалку податоци од корисниците на Android

Објавено на 05.04.2018 во Новости



Facebook ќе собира помалку податоци од корисниците на Android

Неодамна излезе информација дека Facebook користи приватни податоци на Android корисниците, односно нивните повици, пораки и контакти за да ги подобри алгоритмите за комуникација преку нивниот чет клиент Messenger.

Многумина ова го знаеја и од претходно, односно со самото поставување на Messenger како апликација која ги управува и SMS пораките, корисникот и дозволува на апликацијата да ги „чита“ сите контакти, пораки и повици, како и кога се случиле.

Ова инаку го имаа забележано голем број на корисници, кои по скандалот со Cambridge Analytica, ги симнале сите податоци, односно целата Facebook историја, само за да откријат дека таму ги има и нивните повици, контакти и пораки.

После Cambridge Analytica скандалот, како и информацијата дека Facebook длабоко навлегува во приватноста на корисниците, компанијата се одлучи да собира помалку податоци од нив. Поточно, по повторно прегледување на истата функција, тие најавија промени во начинот на кој апликацијата црпи податоци.

Како прво, податоците постари од една година ќе се избришат, веројатно дека и реално не им се потребни, а воедно на нивните сервери нема да се прикачува времето на повиците. Засега не се најавени сите промени кои ќе бидат направени, но корисниците на Messenger може да очекуваат дека ќе бидат барем малку побезбедни.

Интересно, оние кои имаат iPhone, односно iOS уред, немаат проблем со собирањето податоци, бидејќи тој оперативен систем не и дозволува влез во контактите, SMS пораките и повиците на ниту една апликација, независно од тоа дали корисникот ќе дозволи или не.

Промените во Messenger се дел од големите промени во компанијата, која сега се обидува да ја врати довербата на корисниците во нивната Facebook платформа, разнишана по големиот скандал со кражба на податоци на преку 87 милиони луѓе.

Воедно, апропо скандалот, нивниот извршен директор Марк Цукерберг ќе сведочи пред Конгресот во САД наредната недела и ќе треба да одговара на прашања за тоа како Facebook се справува со заштитата на податоците на корисниците.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}