Xiaomi планира да продаде преку 100 милиони смартфони во 2018 година

Објавено на 06.04.2018 во Новости



Xiaomi планира да продаде преку 100 милиони смартфони во 2018 година

Вториот најпопуларен кинески производител на смартфони во светот, Xiaomi, оваа година спрема многу поагресивен план за напад на светските пазари, кој треба да резултира со преку 100 милиони продадени смартфони оваа година.

Ваквите најави се косат со резултатите на кинескиот пазар, каде падната е целокупната продажба на смартфони за 5% и каде особено страдаат кинеските брендови Oppo и Vivo. Токму поради тоа, Xiaomi ги гледа странските пазари како начин да стигне до поголем број на купувачи, па може да се очекува многу поголема офанзива и во Европа оваа година.

Во првото тримесечје од оваа година, Xiaomi веќе продава околу 10 милиони смартфони од Mi и Redmi брендовите годишно, што значи дека ако продолжат со такво темпо лесно ќе стигнат до преку 100 милиони продадени уреди, односно вкупната продажба би можела да стигне и преку 120 милиони смартфони.

Како и да е, најголем производител од Кина се очекува да остане Huawei, кој продаде преку 150 милиони смартфони минатата година, бројка која се очекува да порасне оваа година. Всушност, Huawei очекува да го надмине Apple на второто место на најпродаван бренд и да продаде преку 200 милиони смартфони во 2018 година. 

Oppo и Vivo пак ќе се сконцентрираат на поевтините паметни телефони, со можности слични на поскапите телефони на конкурентите, кои ќе бидат наменети за пазарите во развој.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}