Doogee ни покажува телефон без рамка и без засек во дисплејот, со камера на лизгање

Објавено на 06.04.2018 во Новости



Doogee ни покажува телефон без рамка и без засек во дисплејот, со камера на лизгање

Производителот на поевтини смартфони од Кина, Doogee, ни покажа нов концепт на телефон со минимална рамка околу дисплејот, кој нема засек во екранот како кај iPhone X или Huawei P20 Pro.

Кај Mix 4, знаменосецот на Doogee кој во моментов е само прототип и веројатно ќе биде претставен кон крајот на годинава, камерите и сензорите се ставени на „лизгач“, слично на многу мобилни телефони од преку 10-тина години. Поточно, за да ја отворите камерата, го лизгате дисплејот врз останатиот дел од телото на телефонот.

Ова е одлична идеја, која дозволува предниот дел на телефонот да изгледа минималистички, без никаков засек кој би го расипал дизајнот. Воедно, идејата се чини како лесно изводлива и чудно е како досега некој од етаблираните производители не излезе со вакво решение, бидејќи да бидеме искрени, изгледа многу подобро од засек во дисплејот.

Дисплејот на Doogee Mix 4 инаку зафаќа 97% од предниот дел, што е рекорд во светот на смартфоните. Покрај тоа што изгледа импресивно, благодарение на минималната рамка, целиот телефон е многу помал отколку останатите модели со таков екран. Единствена слабост е тоа што телефонот е 11 mm „дебел“, што е за неколку милиметри повеќе од останатите смартфони во високата класа.

Покрај тоа, многу прашања се поставуваат за трајноста на механизамот со лизгање, кој ја намалува целосната структурална јакост на телефонот. Како и да е, Doogee Mix 4 скоро сигурно ќе го видиме на пазарот кон крајот на годинава во оваа форма, со цена која ќе биде значително пониска од таа на iPhone X, Huawei P20 Pro и Galaxy S9.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}