Novobox Cloud решението ексклузивно преку мобилен телефон само за корисниците на Вип

Објавено на 10.04.2018 во Новости



Novobox Cloud решението ексклузивно преку мобилен телефон само за корисниците на Вип

Vip преку партнерството со компанијата Нови Системи го воведува Novobox Cloud на македонскот пазар, ексклузивно за своите корисници. Со Novobox Cloud решението корисниците добиваат можност за складирање и организирање на податоци од типот на  документи, фотографии, видеа и слична содржина во “облак”.  

Со Novobox Cloud корисниците можат да ги синхронизираат своите видеа и фото галерии  меѓу сите паметни уреди што ги употребуваат односно, мобилен телефон, таблет или лаптоп користејќи ги мобилните или веб апликацијата на Novobox.

Пристапот до фајловите е овозможен преку веб платформа, Android, iOS и Windows PC, преку што се овозможува  преглед, синхронизација, споделување и организирање на истите и тоа се под контрола на корисникот. Пристапот е овозможен од секое место во секое време.

Поврзувањето до Novobox Cloud e преку веб страната www.novobox.mk преку било кој пребарувач, a плаќањето за користење на услугата може да се изврши со картичка или ексклузивно преку мобилен телефон само за корисниците на Vip постпејд и припејд мобилната телефонија.

За повеќе детали за Vip Neo посетете ја веб страницата www.vip.mk  





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}