Android производителите скокаат безбедносни надградби без да им кажат на корисниците

Објавено на 13.04.2018 во Новости



Android производителите скокаат безбедносни надградби без да им кажат на корисниците

И покрај тоа што е убедливо најкористен оперативен систем кај смартфоните во светот, Google и натаму има проблем да го направи Android максимално безбеден за корисниците. Рака на срце, за ова голема вина имаат и производителите, кои имаат изменети верзии на софтверот и не се особено одговорни во инсталирањето на нови надградби, вклучувајќи ги и „закрпите“, кои Google ги пушта за да затвори пропусти во Android.

Дека работата е многу сериозна, кажува и фактот што производителите буквално ги лажат корисниците на телефоните дека ги имаат најновите надградби во “About Phone” секцијата, а всушност не е така. Ова најчесто се случува кај кинеските производители, оние од понизок ранг, па затоа ние препорачуваме секогаш да купувате смартфон од етаблиран производител. Воедно, телефоните од високата класа на сите производители редовно добиваат нов софтвер, но истото не важи и за нивните поевтини смартфони.

Google вакви надградби инаку праќа секој месец и редовно, нив први ги добиваат нивните Pixel смартфони, што е очекувано. Покрај нив, најбрзи во инсталирањето на надградби се Sony и Samsung – нивните телефони пропуштаат максимум една таква надградба. После нив следуваат OnePlus и Nokia, кои пропуштаат помеѓу една и три надградби, а потоа следуваат HTC, Huawei, LG и Motorola, кои пропуштаат од три до четири надградби. Кинеските TCL и ZTE на пример пропуштаат над пет сигурносни надградби, што е веќе значително голема бројка. Воедно, ниту еден производител не ги предупредува корисниците дека немаат најбезбедна верзија на Android.

Зошто е ова важно? Хакерските напади на Android за кои веќе имаме слушнато повеќе пати, најчесто се случуваат кај уреди со постара верзија на оперативниот систем. Затоа, корисно е да имате понова верзија, со најновите надградби, бидејќи истата е многу потешка за пробивање од хакерите. Ако ви е важна безбедноста на вашите лични податоци, секогаш обрнете внимание и на софтверот со кој го купувате телефонот (ако купувате сега, добро е да биде Android Oreo), односно која верзија на Android е и истражете дали тој модел ќе добива надградби во иднина.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}