Патент тролови му се „намерачија“ и на Samsung - Му бараат 3 милијарди долари

Објавено на 13.04.2018 во Новости



Патент тролови му се „намерачија“ и на Samsung - Му бараат 3 милијарди долари

Откако Apple се соочи со нова тужба за повреда на права од интелектуална сопственост, сличен предизвик го очекува и Samsung кој е тужен од американската компанија PACid Technologies за сума од 3 милијарди долари.

PACid Technologies тврди дека Samsung бесправно ги користел патентите за енкрипција на биометриски податоци за скенерите на Galaxy S6 и Galaxy Note 6 смартфоните од 2016 година па наваму.

Samsung е член на FIDO Alliance групацијата која се занимава со стандардизирање токму на технологиите за енкрипција на биометриски податоци, па затоа од компанијата најавија контра мерки. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}