Android P ќе поддржува гестикулации, слични на оние кај iPhone X?

Објавено на 16.04.2018 во Новости



Android P ќе поддржува гестикулации, слични на оние кај iPhone X?

Google наскоро ќе ги објави деталите за новата “P” верзија на нивниот Android оперативен систем, но веројатно по грешка, објави една многу важна информација за начинот на интеракција со него. Имено, Android P веќе нема да има три навигациски копчиња како кај актуелната верзија, туку ќе се управува со гестикулации како кај iPhone X.

Поточно, корисникот сега на почетниот екран ќе може да отиде со лизгање на прстот од долниот дел, нагоре. Нормално, во долниот дел ќе има виртуелно копче во вид на „пилула“, кое ќе му означува на корисникот од каде да почне со лизгањето на прстот, слично како во iOS. Исто така, последните апликации, односно мултитаскинг копчето, ќе бидат заменети со гестикулација. Единствено ќе остане “Back” копчето за враќање назад, но тоа ќе се појавува само во ситуации каде ќе биде потребно, односно доколку апликацијата веќе нема копче за враќање назад.

Ова е огромна промена во начинот на кој функционира Android и е чиста копија на гестикулациите во iPhone X, што е големо изненадување, бидејќи минативе неколку години Apple беше оној кој копираше функционалности од Android. Дефинитивно, iPhone X со својот напреден дизајн и кориснички интерфејс направи голем скок и на Google не му преостанува ништо освен да преземе дел од тие новитети.

На 8 Мај, Google ќе ја одржи годишната конференција за девелопери, каде официјално ќе ги претстави сите новитети во Android P, а да се надеваме и неговото име, кое сигурно повторно ќе биде некој благ десерт. Што мислите, дали Google треба да го следи Apple или треба да смислат различен начин на интеракција со телефоните?



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}