Ги променивте ли поставките за приватност на Facebook?

Објавено на 16.04.2018 во Новости



Ги променивте ли поставките за приватност на Facebook?

Веќе цела недела во фокусот на вниманието се Марк Цукерберг и Facebook, уште од моментот кога шефот на социјалната мрежа помина 10 часа одговарајќи на прашањата на Конгресот. Немаше некои „откровенија“ во неговите одговори, но дефинитивно се открија нови скандали за Facebook.

Џим Кери и Стивен Вознијак ги избришаа нивните профили, што уште повеќе го разгорува огнот за Facebook. Експертите за безбедност сега ги повикуваат сите корисници да ги проверат своите профили и да ги уредат поставките за приватност, со цел да бидат побезбедни на Facebook и да ги заштитат своите податоци од оваа мрежа. Додека медиумите и политичарите го критикуваа Facebook и неговиот шеф, изгледа за повеќето корисници ништо не е променето. 

Генерално кажано корисниците продолжуваат да ги користат своите профили на Facebook, додека бројот на оние што ги избришале своите профили е занемарлив. Не само што другте не ги избришаа профилите, туку и не направиле никакви промени во поставките за приватност.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}