AMD ја претстави втората генерација на Ryzen процесори

Објавено на 16.04.2018 во Новости



AMD ја претстави втората генерација на Ryzen процесори

Во светот на десктоп процесорите, Intel имаше огромна доминација една цела деценија, но лани, со лансирањето на Ryzen чиповите, AMD конечно го возврати ударот. Сега, Ryzen процесорите не само што се конкурентни на Core серијата на Intel, туку нудат повеќе перформанси за вложените пари. 

AMD денес ја претстави и втората генерација на овие чипови, која ќе донесе делумни подобрувања во однос на претходниците. Главна промена е што транзисторите сега ќе бидат изработени со подобрен процес со големина од 14 nm, односно како што велат од AMD, тие ќе работат како транзистори со големина од 12 nm. Ова би требало да придонесе за благ скок во перформансите, но и помала потрошувачка на енергија.

Покрај помалите транзистори, новите Ryzen процесори од втората генерација ќе имаат и повисок работен такт, и основен и турбо. AMD инаку во почеток претстави 4 процесори, два од Ryzen 7 и два од Ryzen 5 фамилијата (конкуренти на Core i7 и Core i5), а подоцна се очекува и Ryzen 3 процесор (конкурент на Core i3). 

Во детали, Ryzen 7 2700X Ќе биде најмоќен во понудата, со 8 физички и 16 виртуелни јадра, кои ќе работат на основен такт од 3,7 GHz и турбо од 4,3 GHz. Ryzen 7 2700 пак ќе има ист број на јадра, но брзини од 3,2 и 4,1 GHz. Послабите Ryzen 5 пак ќе бидат застапени со 2600X со 6 физички и 12 виртуелни јадра на 3,6 GHz и 4,2 GHz, додека послабиот 2600 ќе има ист број на јадра со работен такт од 3,4 GHz и 3,9 GHz.

Иако супер моќни, погоре споменатите процесори ќе имаат многу ниски цени – 2700X ќе чини 329 долари, 2700 ќе чини 299 долари. За новите процесори, AMD лансираше и матични со нов X470 чипсет, но тие ќе можат да се користат и на постарите X370 плочи.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}