Samsung ќе ги произведува OLED дисплеите и за новите iPhone-и

Објавено на 16.04.2018 во Новости



Samsung ќе ги произведува OLED дисплеите и за новите iPhone-и

Корејскиот гигант Samsung е убедливо најголем производител на мали OLED екрани во светот, па затоа и најголем број од нивните смартфони имаат такви дисплеи. Сепак, од минатата година тие се производители и на дисплеите за iPhone X, што значи дека на секој продаден уред и тие имаат “ќар”.

Сепак, соработката меѓу двете компании беше влошена (колку ли пати сме го слушнале ова), поради тоа што Samsung не успеваше да произведе доволно дисплеи за да постигне со производството на iPhone X. Поради ова, тие оваа година ќе почнат многу порано да ги произведуваат овие OLED дисплеи, со цел да има доволно единици за стартот на производството на новите модели на iPhone.

Оваа година се очекува Apple да претстави два телефони со OLED екран со мала рамка и засек во горниот дел, па Samsung ќе треба да произведе многу повеќе екрани. Од наредната година пак Apple веројатно ќе прејде на OLED дисплеи од LG, за да не биде зависен од најголемиот конкурент на мобилната сцена. LG инку оваа година се очекува значително да го зголеми производството на OLED единици, пред се за да може во иднина да ги задоволува потребите на Apple.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}