Рана Android P верзија достапна за Huawei Mate 10 Pro

Објавено на 19.04.2018 во Новости



Рана Android P верзија достапна за Huawei Mate 10 Pro

Mate 10 Pro е дефинитивно еден од највозбудливите смартфони од минатата година, а сега станува уште поинтересен за оние кои сакаат да испробуваат нови верзии на Android. Покрај тоа што на него може да се инсталира чиста Google Android верзија преку Project Treble, сега ќе може да се инсталира и рана Android P верзија со EMUI скин од Huawei врз неа.

Ова е истиот Android P кој Huawei веќе го тестира за вградување во своите смартфони, нормално кога ќе биде достапен. Всушност, реалноста е дека Mate 10 Pro ќе добие надградба на Android P дури кон крајот на годината, што значи дека оваа верзија е многу рана и дека ако ја инсталирате, би можело да наидете на многу проблеми, односно истата не може да се користи како замена за стабилната Android Oreo верзија со EMUI 8.0.

Сепак, доколку сте дивелопер и доколку имате Mate 10 Pro, можеби би сакале да ја пробате. Таа се инсталира преку Funky Huawei софтверот, кој прво го ребрендира вашиот смартфон во кинеска верзија на Mate 10 Pro и потоа ја инсталира Android P верзијата со EMUI скин. Сепак, бидејќи овој Android P е во многу рана тест фаза, не очекувајте да го видите новиот Material Design 2 на него или пак навигација со гестикулации на прстот како кај iPhone X. EMUI верзијата пак е само 8.2, што значи дека Huawei има уште многу да поработи пред EMUI 9 да биде достапен на телефоните.

Доколку и покрај предупредувањата сакате да го пробате најновиот вкус на Android, упатството за инсталација е на следниов линк.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}