Moto G6 и Moto G6 Play се евтини, но моќни телефони

Објавено на 20.04.2018 во Новости



Moto G6 и Moto G6 Play се евтини, но моќни телефони

Новите модели Moto G6 и Moto G6 Play се изработени од метал и стакло, материјали кои ги има кај премиум смартфоните. Спецификациите не се исто така импресивни со оглед на нивната цена, а со други зборови, Motorola покажа и колку напредуваа телефоните од средниот и нискиот ранг.

Очигледно Motorola го остава пластичниот дизајн зад себе и се префрла на премиум дизајн. Moto G6 го добивате со 5.7-инчен Full HD+ дисплеј, Qualcomm Snapdragon 450 процесор, 3/4GB RAM меморија, 32/64GB внатрешна меморија и 5MP задна, со 8MP предна камера. Батеријата ќе биде со капацитет од 3.000mAh. 

Moto G6 Play има 5.7-инчен екран, но резолуцијата е само со HD+ технологија. Процесорот е Snapdragon 427, како и неговата работна и внатрешна меморија. Сепак, овде добивате поголема батерија од 4.000mAh. Цената на Moto G6 запчнува од 249 долари, додека за основната верзија на Moto G6 Play треба да одделите 199 долари.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}