Minecraft вирус ги напаѓа сите што ги користат овие скинови

Објавено на 20.04.2018 во Новости



Minecraft вирус ги напаѓа сите што ги користат овие скинови

Avast откри малвер што се крие во неколку Minecraft скинови, кои корисниците масовно ги преземаат. Пресметано е дека досега се преземени 50.000 небезбедни скинови. Не е многу софистициран, но овој малвер е дизајниран за да ги реформатира хард дисковите, ги брише бекапираните податоци и ги отстранува системските програми. Според Avast, основниот код за овој вирус може да се најде на сајтовите што даваат упатства за нивно правење и може да го направите преку Notepad. 

Она што е уште повеќе загрижувачки е што овие фајлови може да се прикачат и на веб страницата на Minecraft. Во моментот постојат само 3 заразени скинови, па ако сте преземале некој од нив, веднаш скенирајте го вашиот компјутер со антивирусна програма.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}