Apple ќе лансира поевтин наследник на iPhone X со LCD дисплеј

Објавено на 20.04.2018 во Новости



Apple ќе лансира поевтин наследник на iPhone X со LCD дисплеј

iPhone X е во моментов најскапиот смартфон на пазарот (настрана луксузните смартфони како Vertu) – неговата цена изнесува над 1.000 евра. Останатите модели во понудата на Apple, iPhone 8 и iPhone 8 Plus се солидни телефони, но нивниот дизајн е стар веќе 5 години и затоа компанијата планира оваа година да лансира само смартфони со новиот дизајн со мала рамка и засек.

Поевтините вакви iPhone модели ќе имаат LCD дисплеј, од едноставна причина што Samsung, добавувачот на OLED екрани на Apple не може да произведе доволно единици за да ги задоволи потребите за сите iPhone смартфони. Затоа, Apple веќе работи на дизајн кој ќе има мала рамка и LCD дисплеј, нешто што е потешко да се изведе.

Ваквиот смартфон би имал големина на дисплејот од 6,1 инчи, што значи дека ќе биде поголем од тој кај iPhone X, но поради тоа што е LCD, телефонот на крај ќе чини помалку. Се очекува цена од 550 долари за почетниот модел, иако да бидам искрен таа делува малку нереално. Аналитичарот Минг-чи Куо, кој ја изнесе оваа информација, најави и модел со две сим картички, кој ќе чини оклу 650 долари.

Доколку цените на овие модели се навистина толку ниски, би можело да се очекува дека ќе имаат и чип од постара генерација, како и послаби камери, нешто слично на онаа во iPhone 8. Вистинскиот наследник на iPhone X со OLED дисплеј пак се очекува да донесе неколку новитети, кои нема да бидат достапни во овие модели.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}