Honor лансира тенок лаптоп наречен MagicBook

Објавено на 20.04.2018 во Новости



Honor лансира тенок лаптоп наречен MagicBook

И покрај тоа што кај нас е познат пред се по паметните телефони, Huawei неодамна лансираше и лаптоп наречен MateBook X, кој има врвен дисплеј, квалитетна изработка и високи перформанси. Сепак, тој има и висока цена која е недостижна за многу купувачи, па затоа Huawei се одлучи да лансира уште еден лаптоп, овој пат со под-брендот Honor, кој исто така ни е познат по смартфоните.

Honor MagicBook е „ултрабук“, односно мал и тенок лаптоп изработен од алуминиум, со дисплеј со големина од 14 инчи, Full HD резолуција и контраст од 800:1, односно 250 nits светлина, што значи дека ќе биде корисен и преку ден. Рамката околу дисплејот е прилично мала, но не е на нивото на онаа во MateBook X. Како и да е, со тежина од 1,47 килограми и малите надворешни димензии, ова ќе биде лесно пренослив лаптоп.

Како што е стандардот кај тенките лаптопи, MagicBook ќе биде опремен со штедливите верзии на Core i5 и Core i7 процесорите (зависно од моделот), интересно помогнати од Nvidia MX150 графика со дедицирана меморија од 2 GB, која ќе овозможи играње и на полесни игри. И двата модели ќе бидат опремени со 8 GB рам и 256 GB SSD диск. Од Honor велат дека MagicBook има еден систем за ладење и за процесорот и за графиката, кој лесно ќе ги одржува на ниски температури, а батеријата од 57.4 Wh трае 12 часа со едно полнење.

Покрај солидните внатрешни компоненти, MagicBook е опремен и со Dolby Atmos аудио со 4 звучници и читач за отпечатоци за влегување во компјутерот со Windows Hello за само 0,9 секунди. MagicBook има и еден USB 3.0 приклучок, два USB 2.0 приклучоци, HDMI порта и 3,5 mm излез, но за жал нема USB-C приклучок, кој е веќе стандард во оваа класа на лаптопи.

Како и да е, MagicBook чини и многу помалку пари од конкурентите во оваа класа – во Кина Core i5 моделот чини само 645 евра, додека оној со Core i7 чини 735 евра. 

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}