Huawei развива дигитален асистент со емоции

Објавено на 23.04.2018 во Новости



Huawei развива дигитален асистент со емоции

Денешните дигитални асистенти, кои ги имаме во нашите смартфони, компјутери па и други паметни уреди во домот (на пример паметни звучници), можат да направат многу работи – да ги прашувате за секакви информации, да им кажете да пратат SMS или email за вас, да ви ја кажат состојбата во сообраќајот, вашите обврски за денот итн.

Денес секој поголем производител во светот на технологијата има ваков асистент – Google го има Assistant, Apple го има Siri, Microsoft Cortana, Amazon Alexa, а Samsung го има Bixby. Наскоро и LG ќе лансира свој дигитален асистент кој ќе се вика ThinQ, а сега и Huawei најави свој дигитален асистент со вештачка интелигенција, од кој тие очекуваат да биде најнапреден на пазарот.

Според компанијата, нивниот асистент ќе може да комуницира со сопственикот на многу подлабоко, емоционално ниво. Како пример, претседателот на софтверски инженеринг во Huawei, Феликс Жанг, го кажа филмот Her, во кој главниот протагонист се заљубува во „оперативен систем“, односно во своевиден дигитален асистент. 

Оној на Huawei би требал да биде прва верзија на еден таков асистент со вештачка интелигенција, кој не само што ќе го прашувате за најразлични информации и ќе му задавате задачи, туку ќе можете и да разговарате со него како што би разговарале со некој човек. Идејата на Huawei е корисникот да има емоционална поврзаност со својот уред, односно со „вештачката интелигенција“ во него. Бизарно, нели?

Засега сепак не треба да се грижите дека некој од вашите најблиски ќе се заљуби во компјутер. Технологијата за ваков дигитален асистент е далеку и иако Huawei работи на тоа, треба да помине многу време пред да можеме да комуницираме на толку длабоко ниво со компјутерите. Како и да е, Huawei дефинитивно работи на дигитален асистент и него би можеле да го видиме во некој од смартфоните кои ќе бидат претставени во наредните неколку години.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}