Microsoft ќе претстави преклоплив Surface Phone наредниот месец?

Објавено на 23.04.2018 во Новости



Microsoft ќе претстави преклоплив Surface Phone наредниот месец?

Surface Phone, односно телефонот со Windows кој требаше да ги спаси напорите во мобилната сфера на Microsoft, стана буквално митски – вљубениците во брендот го очекуваат веќе пет години. Иако Microsoft се откажа од Windows Mobile платформата, и натаму има информации според кои тие ќе се вратат во мобилната сфера, но со уред кој ќе биде пред се насочен кон бизнис корисниците.

Според интерни извори, овој телефон Microsoft би можел да го претстави на “Build” конференцијата која ќе се одржи наредниот месец, која е пред се насочена кон дивелоперите. Microsoft можеби нема целосно да го покаже Surface Phone тука, но е многу веројатно да го најави овој уред, односно какви можности би имал, со цел дивелоперите да почнат да развиваат апликации кои ќе можат да ги искористат неговите можности.

Од она што го знаеме досега, Surface Phone најверојатно ќе има два дисплеи кои ќе може да се преклопат за тој да биде полесно пренослив, односно да може да се носи во џеб. Кога ќе се отвори пак ќе може да се постави на маса и на него да се прикачи тастатура. Токму затоа овој телефон би бил насочен кон бизнис корисниците, а не кон секојдневниот корисник.

Воедно, Surface Phone ќе има Windows 10 оперативен систем и голема е шансата на него корисникот да може да инсталира и класични Windows програми, што може да биде голема предност во однос на другите смартфони. 

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}