Известување за мрежно покривање на новата делница Демир Капија – Смоквица

Објавено на 23.04.2018 во Новости



Известување за мрежно покривање на новата делница Демир Капија – Смоквица

По повод пуштањето во употреба на новата делница Демир Капија – Смоквица во должина од 28,2 километри, Вип ги известува своите корисници дека од утре ќе обезбеди иницијално решение за мрежно покривање за своите корисници, а веќе интензивно работи на обезбедување на перманентно квалитетно мрежно покривање.

Со завршувањето на градежните работи кои се изведуваа на делницата, како и достапноста до отежнатиот предел во околината, веќе се овозможува пристап на тимот на Вип за интензивна акција за поставувањето на перманентно квалитетно покривање. Во меѓувреме, Вип обезбеди солуција со која се овозможува првовременапокриеност на дел од автопатот, со цел непречена комуникација на своите корисници на новоизградениот дел.

Со ова Вип ја покажува својата посветеност кон подобрување на својата инфраструктура и овозможување на подобро корисничко искуство на своите корисници.

Вип продолжува да ги информира своите корисници за секоја нова активност на новата делница Демир Капија – Смоквица.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}