Кои се одличните промени кои го воведе Spotify?

Објавено на 24.04.2018 во Новости



Кои се одличните промени кои го воведе Spotify?

Како што се очекуваше Spotify претстави нова верзија на бесплатниот дел од мобилната апликација за стриминг на музика која на корисниците им носи многу нови одлични функции кои претходно им беа достапна само на тие кои плаќаат месечно.

Сега со бесплатната понуда на Spotify корисниците ќе имаат пристап до 15 специјализирани плеј-листи со различен вид на квалитетна и нова музика, или над 750 популарни песни во моментов. Корисниците на Spotify ќе може во било кое време да ги стримаат новите содржини.

Има и мали промени во самиот интерфејс на Spotify со тоа што околу 90 милиони корисници кои досега не се претплатиле копчето за премиум услугата ќе го гледаат во најдолното мени, па за дополнителна претплата ќе „отклучат“ уште подобри услуги во споредба со Apple Music.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}