Xiaomi наскоро ќе го лансира Mi Pad 4 таблетот со Snapdragon 660

Објавено на 27.04.2018 во Новости



Xiaomi наскоро ќе го лансира Mi Pad 4 таблетот со Snapdragon 660

Изминативе две години, на пазарот има се помалку Android таблети, од едноставна причина што смартфоните станаа поголеми и многу корисници немаат потреба од таблет. Сепак, се уште има голема група на луѓе кои сакаат поголем дисплеј, особено за консумација на мултимедијални содржини, читање книги и сурфање на интернет.

Поради тоа, Xiaomi наскоро ќе го лансира новиот Mi Pad 4 таблет, кој според информациите кои ги имаме ќе биде најдобар токму за мултимедијални содржини. Тука многу ќе помага Snapdragon 660 процесорот, кој ќе биде помогнат од 4 GB рам меморија и 64 GB простор, како и батерија од 6.000 mAh. Овие компоненти сигурно ќе овозможат брза работа со таблетот, а моќниот процесор ќе овозможи и добар 3D гејминг на поновите игри.

Дисплејот на таблетот пак ќе има 320 ppi густина на пикселите, што е одлична бројка за таблет. Сепак, засега нема информација за тоа колкава ќе биде неговата големина, но многу е веројатно дека тој ќе брои 7,9 инчи во дијагонала, исто како неговите претходници, со 4:3 сооднос на страните, кој е подобар избор за таблет.

Како и секој помодерен таблет и Mi Pad 4 ќе има прилично способни камери – задната ќе има 13 мегапиксели, додека предната ќе има 5 мегапиксели. Не дека препорачуваме да фотографирате со својот таблет, но добро е да се знае дека ги има камерите „за секој случај“.

Xiaomi Mi Pad 4 инаку скоро сигурно ќе има Android Oreo 8.1 оперативен систем, со MIUI 9 скин на Xiaomi врз него. Цената се уште не е позната, но според тоа колку чинат претходниците, очекувано е стартниот модел да чини под 200 евра, што ќе го направи конкурентен на iPad Mini на Apple.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}