iPhone X е убедливо најпродаван смартфон во светот, следен од iPhone 8 и 8 Plus

Објавено на 04.05.2018 во Новости



iPhone X е убедливо најпродаван смартфон во светот, следен од iPhone 8 и 8 Plus

Иако од почетокот на годинава многу публикации објавија дека iPhone X не се продава доволно добро и дека производството ќе престане, официланите резултати кажуваат нешто сосема друго. Најскапиот iPhone досега е убедливо најпродаван смартфон во првите три месеци од оваа година во светот, а за ударот на конкуренцијата да биде поголем, наредните три места се исто така зафатени од iPhone-и.

Во бројки, iPhone X се продаде во 16 милиони единици, пред iPhone 8 во 12,5 милиони, iPhone 8 Plus во 8,3 милиони и iPhone 7 во 5,6 милиони. Интересно, на петтото место е Xiaomi Redmi 5A, смартфон од средната класа, а под него е Samsung Galaxy S9 Plus. Рака на срце, телефонот на Samsung беше лансиран подоцна и 5,3 милиони продадени смартфони важат за малку повеќе од еден месец на пазарот. Наредните три месеци очекувајте дуото на Samsung да се искачи на самиот пиедестал.

Според овие резултати, може да очекуваме дека iPhone X и во наредните неколку месеци ќе биде најпродаван модел во светот, следен од Galaxy S9 и S9 Plus. Воедно, од Huawei има информации дека P20 серијата се продава подобро од било кои други телефони на производителот, па може да очекуваме да видиме и некој нивни модел во најдобрите.

Автор: Ljupco Aleksovski


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}