5 апликации за iPhone, кои се подобри од оние на Apple

Објавено на 13.05.2018 во iOs



5 апликации за iPhone, кои се подобри од оние на Apple

Секој iPhone доаѓа со апликациите од Apple, но тоа не значи дека се најдобри. Напротив, има подобри опции, што ќе ви го олеснат животот.

Наместо Mail апликацијата, користете Edison Email

Брза апликација со дополнително прилагодување на вашите потреби. Автоматски ви ги скенира мејловите и го наоѓа тоа што ви треба.

Наместо Calendar апликација, можете Google Calendar

Двете апликации може да извлечат податоци од Google, Facebook и iCloud, но втората на многу поефикасен начин. Горната половина на екранот го претставува цел месец, додека на долната половина ги имате известувањата за се што ве чека.

Наместо Maps апликација, користете Google Maps

Мапите на Appleo и навигацијата се значително понапредни од дебитирањето во 2012 година, но мапите на Google се подоверливи, апдејтирани, подетални и полесни за користење. Google Maps ви даваат дури и податоци за сообраќајот, со цел да не влетате во метеж.

Наместо Safari, користете Google Chrome

Google Chrome ги има истите опции како Safari, но ако Chrome го користите на лаптоп, мобилната верзија ги усогласува сите податоци, така што нема да забележите дека сте на друг уред, затоа што се ќе биде тука и понатаму.

Наместо апликацијата Numbers, користете Microsoft Excel

Numbers на Apple e добра апликација за креирање на табели, но Excel е сепак најдобра апликација за сите што имаат потреба од графикони и табели, плус тоа што се синхронизира со сите ваши уреди.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}