Рудари ли Цукерберг нова криптовалута со која ќе се плаќа на Facebook

Објавено на 14.05.2018 во Новости



Рудари ли Цукерберг нова криптовалута со која ќе се плаќа на Facebook

Марк Цукерберг најави на почетокот на 2018 дека оваа година ќе се позанимава со блокчејн технологија. Facebook планира да ја реструктуира компанијата во која досегашниот шеф на Messenger, Дејвид Маркус, е поставен на чело на одделот што ќе се занимава со развој на блокчејн.

Маркус ќе биде на чело на тим од 10 луѓе, кои ќе развиваат блокчејн за Facebook. Маркус е еден од најпрвите инвеститори во bitcoin, кој од 2017 учествува во работата на една од најпопулрните криптовалути на берзата - Coinbase.

Тој рече неодамна дека Facebook не планира воведување на криптовалути во своите апликации, не ја отфрли ниту идејата дека еден ден можно е да издаде своја криптовалута. Дури за неколку години ќе откриеме дали FB навистина планира да воведе блокчејн технологија.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}