Фатална црна точка ги урива сите iPhone и iPad уреди

Објавено на 14.05.2018 во Новости



Фатална црна точка ги урива сите iPhone и iPad уреди

Црна точка се шири преку пораки на WhatsApp, која доведува до замрзнување и уривање на самите апликации. Сега истата црна точка се појави и на iMessage. Црната точка на WhatsApp е релативно безопасна и предизвика само мали проблеми со вклучувањето/исклучувањето на WhatsApp апликацијата, но онаа на iOS е повеќе сложена.

Ако корисник на iPhone или iPad добие порака со црна точка преку апликацијата iMessage, ќе дојде до постојано паѓање на апликацијата кога корисниците и пристапуваат во било кое време. Проблемот е во багот што ги погодува iPhone и iPad со iOS 11 оперативен систем, до верзијата 11.4. Не е проблем самата црна точка, туку она што се крие зад неа, а тоа се илјадниците невидливи Unicode знаци, кои го преоптеретуваат процесорот на уредот и доведуваат до смрзнување. 

Ако вашиот уред е со 3D Touch технологија, треба присилно да ја затворите iMessage апликацијат аи потоа да ја отворите наредбата New Message преку 3D Touch. Затоа треба да се откажете од праќањето на нови пораки, што ќе ги врати во списокот на сите разговори во iMessage, каде потоа може да избришаат порака со црна точка. Оние без 3D Touch, треба да и се обратат на Siri за помош. Кога ќе ја затворат присилно iMessage апликацијата, треба да побараат од Siri да испрати одговор на личноста што им ја испратила црната точка. Не е важно што пишува во одговорот, но целата постапка треба да се повтори се додека црната точка не исчезне од видливиот дел на пораката. Потоа корисниците може да влезат во апликацијата и да ја избришаат злонамерната порака со црна точка.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}