Apple не го дозволува iMessage на Windows 10

Објавено на 15.05.2018 во Новости



Apple не го дозволува iMessage на Windows 10

На Build конференцијата, Microsoft најави нова апликација што ќе ја синхронизира содржината од смартфони на Windows компјутери. Your Phone апликацијата ќе се поврзе и со смартфоните на Apple и со уреди што работат на Android, но постои голема разлика од можностите на самите апликации.

Your Phone и на iPhone и на Android овозможува синхронизација на фотографии и известувања, но корисниците на Android преку таа апликација на компјутерите со Windows ќе може да ги синхронизираат и пораките, додека таа опција нема да биде овозможена за корисниците на Apple уреди. Apple не дозволува да ја користат iMessage трети страни на ист начин како Android, па така iMessage не може да се користи на други платформи освен оние на Apple. Во Microsoft веруваат дека тоа во иднина ќе може да се промени и сакаат да разговараат со екипата во Apple и така се надеваат дека ќе пронајдат заеднички јазик, поврзано со можностите за користење на пораки од нивните смартфони на Windows.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}