Уште едно фијаско на Facebook: Сите што го решиле овој тест, ги откриле податоците без согласност

Објавено на 15.05.2018 во Новости



Уште едно фијаско на Facebook: Сите што го решиле овој тест, ги откриле податоците без согласност

Апликацијата што ја тестирала личноста на корисникот на Facebook, дошла до личните податоци на над 3 милиони Facebook корисници, според извештајот објавен во магазинот New Scientist. Апликацијата myPersonality ја создале во Кембриџ универзитетот.

Квизот го решиле над 6 милиони луѓе, при што многумина од нив дале дозвола за нивните податоци да се споделат со истражувачите. Профилните податоци, исто како и оние од резултатот на квизот, се споделени со група истражувачи од Кембриџ, исто како и оние што не работат на овој универзитет. Овие податоци требало да бидат ограничени на одобрена група, лошите мерки за безбедност оставиле податоци на изволте за сите што ги побарале. Корисничките лозинки за сајтот на кој се наоѓале, можеле да се добијат без проблем со години. Facebook во меѓувреме ја забрани оваа апликација, но овој инцидент е само уште една црна дамка на репутацијата на социјалната мрежа.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}