Honor 10 официјално претставен со камелеонско тело и AI камера

Објавено на 16.05.2018 во Новости



Honor 10 официјално претставен со камелеонско тело и AI камера

Брендот на Huawei го претстави својот најнов модел Honor 10, смартфон со добри перформанси и одлична цена. 

Honor 10 има заден панел изработен од стакло, со Aurora Glass радијантни бои, а дизајнот е типичен за претходните линии на Honor. Од предната страна има засек и 5.8 инчен FHD+ дисплеј, Kirin 970 процесор(истиот што го има Huawei P20), 4GB RAM меморија плус 64/128GB меморија за лични податоци.

Двојната камера е беспрекорна со 16MP RGB+24MP монохроматска камера, бленда f/1.8, PDAF (автофокус со фазна детекција), исто како и AI-технологијата за препознавање на сцената, плус интелигентна стабилизација на сликата. Овде имаме 24 мегапиксели селфи камера со f/2.0 бленда во засекот и сензор за отпечатоци во home копчето. 

Honor 10 има батерија со капацитет од 3,400 mAh и ултра-брза 5A технологија за полнење, што го полни телефонот до 50% за 25 минути. Се разбира, тука го имате најновиот Android 8.1 Oreo оперативен систем со EMUI 8.1 кориснички интерфејс.

Honor 10 ќе биде достапен во 26 земји, почнувајќи од денес за €449.90 за верзијата со 128GB, или €399.90 за класичниот модел со 64GB.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}