Huawei Road Show 2018 денес и утре во Скопје

Објавено на 17.05.2018 во Новости



Huawei Road Show 2018 денес и утре во Скопје

Денес и утре Скопје ќе биде домаќин на патувачката изложба од Huawei, каде глобалниот провајдер на ИКТ ќе ги претстави иновациите на Huawei Road Show 2018 настанот. Настанот ќе се одржи денес на 17 и утре на 18 мај.

Во фокусот на вниманието ќе биде 5G технологијата, која дефинитивно ќе направи пресврт на пазарот, во комбинација со мобилната Cloud технологија. Поентата е со помош на 5G технологијата да се овозможи побрз трансфер на податоците во cloud сервисите. Huawei има идеја за реализација на четири топ услуги во иднина: IT, B2B, Cloud и IoT (Internet of Things).

Huawei има за цел да создаде еко-систем, кој ќе биде од помош за сите гранки во индустријата, финансиите, енергијата и образованието, кој има за намера да го оствари преку Cloud Computing Potential (SDN). Huawei Road Show настанот оваа година ќе посети уште 16 други земји во Европа и скандинавски земји. Во моментот производите и решенијата од ICT на Huawei се практикуваат во над 170 земји и региони.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}