Huawei Y6 (2018) е создаден за забава, селфи и караоке

Објавено на 17.05.2018 во Новости



Huawei Y6 (2018) е создаден за забава, селфи и караоке

Новиот Huawei Y6 (2018) е наменет првенствено за млади луѓе, одлично е дизајниран и има FullView екран. Моделот располага со 5.7 инчен HD+ Huawei FullView дисплеј, со одличен ергономски дизајн и 2.5D закривено стакло, со што е направен да биде едноставен за користење и лесен. 

Поседува посебни аудио спецификации за поддршка на звук со јачина до 88 децибели, што е многу погласно од просечните смартфони. Huawei Y6 2018 има и караоке опција, која ќе биде достапна после ажурирањето на HUAWEI Over The Air (HOTA), за сите што сакаат максимално да се забавуваат. Тука има и Histen технологија за создавање на 3D звук, но и отклучување со лицето, со алгоритам за препознавање. Алгоритмот може да препознае 1.024 точки од човечкото лице и со голема точност може да ги усогласи со однапред снимани податоци. Кога ќе се вклучи смартфонот, треба само да притиснете на екранот за отклучување.

За да бидат сите селфи слики совршени, Y6 2018 е опремен со преден фотоапарат од 5MP со блиц за автоматско осветлување и заден фотоапарат од 13MP, кој овозможува снимање на фотографии со исклучителен квалитет. Smart flash selfie тонирањето овозможува автоматски да детектира осветлување на лицето на објектот и интелигентно го прилагодува количеството на светлината, со цел селфи сликите да изгледаат многу природно.

Имате EMUI 8.0 кориснички интерфејс, базиран на Android 8.0 оперативен систем, батерија со капацитет од 3000mAh, Power Saving 6.0 технологија, и дополнителна MicroSD картичка за дополнителна меморија до 256GB. Под хауба има 4 јадрен Qualcomm Snapdragon 425 процесор, со 1.4 GHz Cortex-A53, Adreno 308 графички процесор, , 16GB ROM меморија и 2GB RAM меморија, со 13MP задна камера и 5MP предна камера со блиц.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}