Се појави и интернационалната верзија на Nokia X6

Објавено на 17.05.2018 во Новости



Се појави и интернационалната верзија на Nokia X6

Од вчерапретставениот нов смартфон Nokia X6 се појави нов модел со реден број (TA-1103) за кој се претпоставува дека ќе биде неговата интернационална верзија. За почеток познато е дека основната верзија на Nokia X6 со 4 GB RAM и 32 GB меморија ќе се продава по цена од 200 долари во Кина и на азискиот пазар.

Затоа со нетрпение очекуваме да дознаеме по која цена Nokia X6 ќе биде лансиран наскоро во Европа, бидејќи станува збор за солиден смартфон со 5.8 инчен Full дисплеј со Quad HD+ резолуција, осум-јадрен Snapdragon 625 процесор, како и двојна главна камера.

Засега нема целосна потврда на техничките спецификации на интернационалната верзија на Nokia X6, но претпоставуваме дека нема да се разликува премногу од азиската. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}