LG G7 ThinQ стартува со глобалната продажба

Објавено на 17.05.2018 во Новости



LG G7 ThinQ стартува со глобалната продажба

LG Mobile по неполн месец од промоцијата на новиот премиум смартфон LG G7 ThinQ стартува со неговата глобална продажба. LG G7 ThinQ ќе биде достапен за купувачите најпрво во домашната Јужна Кореја, потоа пошироко во Азија, а ќе следи и пласманот на европскиот пазар со мали разлики во цените.

Засега точната цена на LG G7 ThinQ не е откриена, но во Европа очекуваме да се движи до 700 евра. LG G7 ThinQ веќе може да се нарача онлајн преку различни канали на дистрибутери на електроника.

LG G7 ThinQ е доста атрактивен смартфон со поддршка за вештачка интелигенција во камерата, има 6.1 инчен Full дисплеј со 1440 x 3120 пиксели, работи со најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 845 процесор, има IP68 заштита на телото и MIL-STD-810G стандард, две главни камери со 16 мегапиксели и ласерски фокус, како и батерија со капацитет 3000 mAh.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}