Vipi - Првиот робот во Vip наменет за автоматизација на процесите!

Објавено на 17.05.2018 во Новости



Vipi - Првиот робот во Vip наменет за автоматизација на процесите!

По повод одбележувањето на 17 мај, светскиот ден на телекомуникациите Vip го претстави “Vipi” - првиот робот во Vip наменет за автоматизација на процесите.
Во соработка со компанијата за информатичка технологија Инфономика креиран е првиот робот наменет за автоматско тестирање на новите продукти и услуги, како и технички тестирања при надградба на системите за бизнис поддршка и администрација на корисниците.
Како компанија која често воведува нови услуги/продукти, што најчесто бара надградби на апликациите и ситемите “Vipi” е производ обмислен со цел автоматизација на процесите кои досега се работеле или сеуште се работат мануелно што ќе придонесе за многу побрзи и поефикасни решенија.
Честите надградби на апликациите дополнително ја зголемуваат важноста на тестирањето за прием на истите,со цел да се избегне новите функционалности да бидат извор на  естабилност на системите, а воедно и на продуктите кои Vip ги нуди кон крајните корисници.
Тестирањето на комплексните системи бара голем број на тестни сценарија со уште поголем број тестни ресурси кои што треба да бидат употребени при истото, како и сероизни голем број на комбинации од продукти и услуги за да може да бидат истестирани сите бизнис правила.
Со користењето на “Vipi” се скратува времето на тестирање, а во исто време се
обезбедува многу поголема сигурност во квалитетот на продуктите/услугите кои
што се нудат на пазарот и за крајните корисници.
Со најновиот робот,Vip ja покажува својата посветеност кон напредно имплементирање на дигиталниот начин на работење најпрво во рамките на компанијата се со цел да го зајакне дигиталниот живот на корисниците. Во таа насока Вип ја продолжува соработката со јавниот сектор и start up компаниите што придонесува за реално живеење на дигиталната трансформација за што забрзано работи на инвестициите во инфраструктурата, новите технологии како и дигитализацијата и иновациите. Со инвестиции од над 35 милиони евра во
изградба на нова мрежа Вип обезбедува мрежа од следната генерација и продолжува да ги истражува новите дигитални технологии за да најде најдобар начин да понуди пофлексибилни и траргетирани дигитални услуги на своите корисници.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}