Samsung Bixby е достапен на се поголем број уреди

Објавено на 22.05.2018 во Новости



Samsung Bixby е достапен на се поголем број уреди

Samsung планира да го зголеми бројот на уредите со кои корисниците ќе може да управуваат преку гласовни команди, па така до крајот на годината и нивните роботски правосмукалки ќе добијат поддршка за Bixby. Дигиталните асистенти се еден од најголемите технолошки трендови, исто како што се и смарт звучниците Echo и Google Home, за помагање во домашните обврски.

Samsung на Consumer Electronic Show годинава го најави лансирањето на телевизори, фрижидери и перални машини со Bixby, а гласините велат дека за лансирање на новиот модел од серијата Galaxy Note ја планираат и новата верзија - Bixby 2.0. Извршниот директор на Samsung за Bixby во иднина вели дека ќе се „развива како интелигентен и персонализиран сервис“, а од компанијата најавија уште некои новитети со Bixby, како што се промените во Family Hub. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}