Официјално излегоа Xiaomi Mi 8, Mi 8 SE, и Mi 8 Explorer Edition

Објавено на 01.06.2018 во Новости



Официјално излегоа Xiaomi Mi 8, Mi 8 SE, и Mi 8 Explorer Edition

Еден од најголемите кинески производители на смартфони, Xiaomi, ги откри новите модели за осум-годишнината од постоењето. Излегоа Xiaomi Mi 8, Mi 8 SE, и Mi 8 Explorer Edition.

Xiaomi Mi 8 има стаклено тело, вертикална двојна камера, 6.21 инчен Samsung AMOLED дисплеј со Always-On функционалност и FHD+ резолуција од 1080х2248 пиксели, Snapdragon 845 процесор, 6GB RAM и 64, 128, или 256GB ROM меморија. Xiaomi постави нов рекорд на AnTuTu си 301,472 бодови извадени со Mi 8, што е нов рекорд. Има 3D технологија за скенирање на вашето лице за отклучување на телефонот и во темница. Двајната задна камера е со 12MP со AI-portrait mode. Предната камера изнесува 20MP и има многу режими за разубавување на сликите. 64GB верзијата чини $421, 128GB е $468, додека најголемата од 256GB е $515.

Xiaomi Mi 8 SE е првиот уред во светот со Qualcomm Snapdragon 710 чипсет, а со тоа има и 5.88 инчен AMOLED дисплеј и 12MP+5MP задна камера.

Xiaomi Mi 8 Explorer Edition е најинтересната верзијан а Mi 8, која има скенер за отпечатоци вградена во дисплејот, што го прави Xiaomi прв производител со ваква технологија. Има 8GB RAM и 128GB ROM меморија, а неговата цена изнесува $577. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}