Huawei го претстави Y7 prime 2018 - Евтин смартфон за млади корисници

Објавено на 03.06.2018 во Новости



Huawei го претстави Y7 prime 2018 - Евтин смартфон за млади корисници

Huawei го претстави својот нов модел Y7 Prime (2018), кој располага со Full View дисплеј и одличен дизајн. Има EMUI 8.0 кориснички интерфејс базиран на Android 8.0, 5,99-инчен HD+ HUAWEI FullView екран, сензор за прецизно отклучување на лицето и отпечатоци на прсти, кои му овозможуваат на корисникот да го отклучи уредот за помалку од 0,35 секунди.

Уредот има двојна задна камера од 13MP + 2MP, при што секундарната камера е со Bokeh ефекти, додека предната камера е со 8MP и напреден блиц за автоматско осветлување, го осветлува лицето и има смарт прилагодување на количеството на светлина за селфи, кое изгледа природно и дополнително го подобрува квалитетот во мрачни услови. Huawei Y7 Prime (2018) има 3GB RAM меморија и батерија со капацитет од 3000mAh.

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}