iPhone со функција за автоматско бришење на лични податоци при кражба

Објавено на 04.06.2018 во Туторијали



iPhone со функција за автоматско бришење на лични податоци при кражба

Apple има нова функција на iPhone, со цел да го заштити корисникот доколку смартфонот му се украде. Ако неколку пати ја згрешите лозинката за вклучување на телефонот, истиот ќе ви ги избрише сите лични податоци. 

Новата опција може само да ја активирате, затоа што по автоматизам е исклучена. Ако сакате да ја активирате на вашиот iPhone, одберете Touch ID & Passcode, и активирајте ја опцијата Erase Data. Кога по десетти пат ќе ја згрешите лозинката, iPhone брише се во телефонот. Инженерите предвиделе дека лесно може да дојде до злоупотреба од страна на деца или слично, па затоа има и временски интервал до кога може да се внесе лозинката 10 пати едно по друго. 

Тоа значи дека целиот процес трае 3 часа, при што во меѓувреме би можело да се случи и да се открие лошата намера. Само првите 5 грешки на лозинки може да се направат една по друга, а потоа се активира временскиот интервал. Со секој следен обид, интервалот се зголемува.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}