Key2 е првиот смартфон на BlackBerry со дуо камера

Објавено на 08.06.2018 во Новости



Key2 е првиот смартфон на BlackBerry со дуо камера

TLC и официјално го претстави новиот премиум смартфон Key2 кој е првиот под брендот на BlackBerry со дуо камера на задната страна со 12 мегапикселна f/1.8 леќа и f/2.6 телефото леќа за широк зум и фокусирање на позадината.

BlackBerry Key2 доаѓа со препознатливата QWERTY физичка тастатура, располага со 4.5-инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 1080x1620 пиксели, а работи со осум-јадрен Snapdragon 660 процесор, 6 GB RAM и избор од 64 и 128 GB основна меморија.

Новиот BlackBerry Key2 е изработен од алуминиум, го користи Android 8.1 (Oreo) оперативниот систем, има 8 мегапикселна селфи камера, одлична батерија со капацитет од 3500 mAh, а ќе чини над 600 евра.

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}