Asus Zenfone 5z е најевтиниот со Snapdragon 845 процесор

Објавено на 14.06.2018 во Новости



Asus Zenfone 5z е најевтиниот со Snapdragon 845 процесор

Asus Zenfone 5z засега е најевтиниот смартфон на пазарот кој располага со најновиот и најмоќен осум-јадрен Snapdragon 845 процесор. Asus Zenfone 5z од неодамна е достапен и на европскиот пазар по цена од 500 евра, а засега може да се порача од страната на Asus во неколку земји од стариот континент.

Asus Zenfone 5z доаѓа и со 6 GB RAM, 64 GB основна меморија, има огромен 6.2 инчен IPS LCD дисплеј со размер од 18:9, двојна главна камера со сензори од 12+8 мегапиксели, 8 мегапикселна селфи камера, двојни звучници, скенер за отпечатоци и солидна батерија со капацитет од 3300 mAh.

Пообемен пласман на Asus Zenfone 5z ќе има кон средината на следниот месец и ќе биде достапен во поголем број на земји низ Европа.

Автор: Ljupco Aleksovski


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}