Одлична продажба на P20 серијата од Huawei

Објавено на 19.06.2018 во Новости



Одлична продажба на P20 серијата од Huawei

Huawei се пофалија со одлични продажни цифри со P20 серијата на смартфони. Од моментот кога беа лансирани новите модели во март, за 90 дена беа продадени дури 6 милиони смартфони од оваа серија, што претставува голем пораст на продажбата во споредба со истиот период лани со P10 серијата. 

Претседателот на Huawei Handsets Product, Кевин Хо, рече дека растот на продажбата е поголем за 81% на глобално ниво во споредба со P10. Поради тоа на кинескиот пазар е забележан раст од 63%, а на надворешните пазари пораст од 150%. Цифрите се доказ дека Huawei денес уште подобро ги разбира потребите на корисниците и пазарите и сериозноста и важноста од вложувањето во истражувањето и развојот.Huawei е моментално трета мобилна компанија во светот со огромни амбиции, кои во следните години сакаат да ги надминат Samsung и Apple.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}