Ќе се менуваат ли МК домените во СМК?

Објавено на 21.06.2018 во Новости



Ќе се менуваат ли МК домените во СМК?

 Откако Македонија и Грција го потпишаа договорот за решавање на спорот за името се поставува прашањето дали ќе има интервенција во употребата на интернет домените mk на латиница и мкд на кирилица кои се меѓунарофно признати од Агенцијата за стандардизација ISO.

Еден од главните аргументи беше дека се задржува правото на кородкори на кодовите МК и МКД, освен за регистарските таблички на возилата со кодот НМК. 

Исто така во Договорот е наведено дека за комерцијална употреба приватни странки од двете земји ќе бидат охрабрени да најдат согласност за трговските марки, еве што точно пишува во овој член.

- Во врска со погоренаведеното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, Страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат нивните деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво. За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група на експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО. Оваа Група на експерти ќе се формира во текот на 2019 г. и ќе ја заврши нејзината работа во рок од три години. Ниту една одредба од членот 1, став 3 (ж) нема да влијае на сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемна согласност, како што е предвидено во оваа алинеја.

Тука никаде изрично не се наведува дека Македонија ќе треба да ги промени имтеринт домените во СМК или СМ, освен ако на доброволна основа комерцијалниот сектор се одлучи на некое друго решение. Секако, зачувувањето на домените МК и МКД ќе биде од исклучителна важност за понатамошно претставување на Македонија во дигиталниот свет.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}